Кое бебе, чие е?

Кое бебе, чие е?


Откако татко на беше што тврди дека е исчезнато неговото женско новороденче на Клиниката за гинекологија во Скопје, со информација излегоа и од Министерството за здравство, а директорката на клиниката ја раскажа и другата страна на приказната.

Според тврдењата на таткото, бебето што го видел тој вчера по раѓањето не е истото што му било покажано денеска, затоа што било означено со погрешно презиме. Поради тоа, тој се сомнева дека тоа новороденче е неговата ќерка.

Од Министерството за здравство излегоа со информација дека по спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста.

Директорката на клиниката, Викторија Јовановска вели дека таткото го видел бебето и вчера, но и денеска после 16 часот.

- Мајката која го родила бебето е породена вчера со царски рез и затоа до 16 часот денеска се наоѓаше на интензивна нега. Детето е добро и вчера му е покажано на таткото. Денеска, лекарскиот тим на гинекологија (педијатарката, медицинската сестра и гинекологот) го замолиле таткото да причека до 16 часот кога мајката ќе биде префрлена на одделение и бебето ќе биде со неа, па тогаш да го види. Педијатарката која денес е дежурна 24 часа е надлежна 50 бебиња, меѓу кои има и бебиња во покомплицирана состојба, па го замолиле да причека и му објасниле дека така е поедноставно. Таткото во меѓувреме, кршел на приемното одделение и се заканувал, по што била повикана и полиција и адвокат. После 16 часот, таткото го видел бебето – вели директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно