Клупа, место дрво.Клупа која го чисти воздухот колку 275 дрвја.

Клупа, место дрво.Клупа која го чисти воздухот колку 275 дрвја.


Функционално решение за решавање на урбаното загадување која има лик на компактна клупа и филтер за загадување има капацитет за чистење на воздухот колку 275 дрвја.

Kомпанијата Грин Сити Солушнс го остава својот белег на планетата со тоа што продолжува да го промовира својот иновативен проект наречен „ГрадскоДрво”, функционално решение за решавање на урбаното загадување која има лик на компактна клупа и филтер за загадување има капацитет за чистење на воздухот колку 275 дрвја. Германскиот стартап продолжи да ги поставува „ГрадскоДрво” во градовите низ светот, а сега пристигнаа и во Лондон. Инсталацијата не можеше да дојде во подобро време, бидејќи секоја година аерозагадувањето во Лондон постојано ги преминува дозволените нивоа.

Тоа е повеќе од клупа, оваа комбинација на мов и растенија органски отстранува прашина, азот диоксид и озонски гасови од воздухот. Таа исто така, има вграден контролен систем кој ги проверува нивоата на загаденост, температурата на воздухот и квалитет на вода, меѓу другите работи, и е опремена со соларни панели за целосно самоодржување.

Иако проектот „ГрадскоДрво” не може целосно да го реши проблемот со загадувањето во Лондон, сепак е чекор во вистинската насока. Грин Сити Солушн се надева дека ова е само почетокот на проектот „ГрадскоДрво” во Обединетото Кралство и дека покрај Лондон, овој пример ќе го следат и останатите градови и ќе се придружат на останатите урбани области ширум светот кои користат иновативни технологии во борба против загадувањето.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно