Клиничката болница Штип е доведена до банкрот

Клиничката болница Штип е доведена до банкрот


Речиси 200.000евра, штипската Клиничка болница, им должи на своите вработени.

На повеќе од 400 лекари и медицински сестри изминативе години дежурствата не им се исплаќале согласно колективниот договор. Се очекува тим од Фондот за здравство да изврши целосна анализа на документацијата, по што ќе се знае и висината на долгот.

Доколку раководството со вработените не се договори долгот да се исплаќа на рати, постои опасност  од блоклирање на  сметката на болницата . Единствен излез од финансискиот колапс раководството гледа во Фондот за здравство.

Засега  од Фондот молк. Нема одговор на прашањето дали имат решение за финансискиот проблем на  болницата .

Први кои ја тужеа болницата поради неисплатени дежурства се болничарите. Дел од тужбите веќе се добиени, а со помош на извршители успеале да си ги наплатат заостанатите долгови.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно