Ќосевци се закануваат со убиство на Заев

Ќосевци се закануваат со убиство на Заев


Ѓорги Стојков, член на здружението „Андон Лазов Јанев – Ќосето“, преку видео на социјалните мрежи му се закани на премиерот Зоран Заев дека ќе го стигне судот на Ќосето и дека СДСМ ќе ја плати цената.

Тој вели дека како граѓанин на Македонија должен е да си го каже своето, па додаде дека Заев ќе гори во пеколот.

„Еден ден лично ќе биде казнет од македонската рака на Македонецот“, рече Стојков, а потоа ја запали фотографијата од Заев.

Како што се вели во видеото, Стојков е револтиран од отстранувањето на споменикот на Ќосето, кој беше поставен пред Врховниот суд.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно