Ќорнаков, шампионот во мото – крос е починатиот параглајдерист

Ќорнаков, шампионот во мото – крос е починатиот параглајдерист


Мирче Ќорнаков (47) од Гевгелија, еден од најдобрите мото – крос возачи во Македонија е човекот кој почина вчера, откако по успешното слетување со параглајдер му се слошило, во близина на манастирот „Свети Илија“.

Ќорнаков бил пронајден починат вчера, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. 

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Ќе биде погребан утре во Гевгелија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно