Ќе ви биде од корист да знаете: За што служат копчињата од F1 до F12 на тастатурата

Ќе ви биде од корист да знаете: За што служат копчињата од F1 до F12 на тастатурата


Компјутерите станаа нераскинлив дел од нашето секојдневние, но и неизоставен дел од работата на скоро сите професионалци.

 Ако некогаш сте се запрашале за што служат копчињата во горниот дел од тастатурата, еве го одговорот кој го баравте. 

F1 – го отвора прозорецот за помош за скоро секој програм. 

F2 – Овозможува промена на името на документот или датотеката. 

F3 – Ја отвора опцијата за пребарување врзана за апликацијата која е активна во тој момент. 

F4 – Истовременото притискање на копчињата Alt и F4 го затвора активниот прозорец. 

F5 – Овозможува освежување на страницата или документот. 

F6 – Промена на курсорот кон полето за адреса во скоро сите Интернет прелистувачи. 

F7 – Овозможува проверка на правописните и граматичките грешки во апликациите на Мајкрософт, како што е Ворд. 

F8 – Ова копче овозможувало пристап на менито „Boot“ во Виндоус, во текот на гасењето на компјутерот.

F9 – Овозможува освежување на документите во Ворд, како и праќање и примање електронска пошта во рамка на Аутлук. 

F10 – Го активира мени барот на отворената апликација. Истовременото стискање на копчињата Shift и F10 има иста функција како десен клик. 

F11 – Овозможува активирање и деактивирање на можноста за гледање содржини на цел екран во рамка на Интернет прелистувачите. 

F12 – Ја отвора опцијата „Save as“ во Ворд.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно