Ќе летаат глави, огромна измама во Кина

Ќе летаат глави, огромна измама во Кина


Кинеските власти се обидуваат да ги смират протестите кои избиле по пропаста на една инвестициска шема во која милиони инвеститори, според податоците на полицијата, изгубиле вкупно 4,7 милијарди долари.

Пропаста на фондацијата "Qianbao" е еден во низата неуспешни финансиски потфати во Кина, поради кои избиле протести и кои довеле до жалби поради незаинтересираноста на службениците за проблемите на малите инвеститори. 

Стотина луѓе вчера по студеното време протестирале и ги повикувале властите да реагираат во градот Нанџинг на истокот на земјата, каде "Qianbao" била основана во 2012. година.

На интернет се појавила и една снимка на која насобраните велат "дека властите во провинцијата Џангсу тепаат луѓе".

Основачот на друг интернет фонд, кој на граѓаните им нудел позајмици, во септември бил осуден на доживотен затвор, по обвинение дека инвеститорите ги измамил за 7,7 милијарди долари.

Државната агенција "Sinhua" ги повикала граѓаните да "не организираат и да не учествуваат во илегални активности".

Луѓето кои инвестирале пари во таа шема протестирале во Нанџинг на 12. декември кога повеќе не можеле да пристапат до своите профили на интернет, рекол еден од инвеститорите кој додава дека во "Qianbao" Инвестирал околу 10.000 долари.

Qiаnbao" имал 200 милиони регистрирани корисници, наведуваат кинеските медиуми. Неговиот основач, Џанг Сјаолеј се предал на полицијата на 26. декември, а истрагата е во тек.

За разлика од некои легитимни кинески инвестициски потфати кои излегле од контрола, полицијата и медиумите случајот "Qianbao" го опишуваат како пирамидална измама. 

Таа компанија на инвеститорите им ветила годишна камата од 60 проценти, а на нив заработувачките им биле исплаќани со едноставни работи како што е гледање реклами на интернет.

Од 30 милијарди јуани, или 4,7 милијарди долари, колку што вложиле вкупно инвеститорите, еден дел бил искористен за купување на компании, меѓу кои и еден фудбалски клуб и произведувач на глицерин, тврди полицијата.

Бидејќи заработувачката на тие компании била премала да се исплатат ветените камати, "Qianbao" ги користел вложените пари од новите инвеститори.

До подем на ивестициските компании во Кина дошло откако властите дозволиле ширење на неформални финансиски индустрии во текот на претходните децении во намера да ги поддржат претприемачите кои од државниот банкарски систем можат да добијат само мали кредити.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно