Фудбалерите на Јувентус и Реал Мадрид во вторник од 20:45 часот ќе го играат првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а главен судија ќе биде Турчинот Цинејт Чакир.
УЕФА денеска потврди дека Турчинот ќе ја добие најтешката задача во првата рунда, а интересно е дека и Реал и Јуве го паметат само по лошо.
На Јуве му судеше во финалето од Лигата на шампионите во 2015. година во Берлин кога Барселона славеше со 3:1.
Од друга страна, на Реал му судеше девет пати. На тие мечеви, Мадриѓаните имаат пет победи, две ремија и два порази, од кои двата на последните два меча – против Атлетико Мадрид во полуфиналето минатата година (2:1) и оваа сезона на „Вембли“, кога загубија 3:1 од Тотенхем.
Сега ќе видиме кој ќе има повеќе среќа…
Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк