Кина и порача на Америка: Носете го своето ѓубре назад!

Кина и порача на Америка: Носете го своето ѓубре назад!


Кинеските царински службеници одбија да внесат 469 тони цврст отпад во земјата, чиј увоз неодамна беше вратен во Америка.

Инспекторите во главниот град на провинцијата Цеџијанг, во источна Кина, пронајдоа пратка што се состои од отпадна хартија помешана со делови од старо железо и шишиња пијалоци, пренесуваат кинеските медиуми. Царинските органи побараа ѓубрето да се врати во Америка што е можно поскоро. 

На крајот на 2017-та година, Кина го забрани увозот на 24 видови цврст отпад во земјата како дел од борбата против загадувањето на животната средина. Претходно, Кина била глобален увозник на ѓубре вклучуваќи го и она на САД, која што беше еден од најголемите извозници. Кина одамна е „канта за рециклирање“ во светот, обработувајќи околу 50% од глобалниот извоз на отпадна пластика, хартија и метали. 

Таа година, САД и платила на Кина 5,2 милијарди долари за рециклирање на 16 милиони тони отпад. Големите количини отпадоци се мешаат со цврст отпад што се користи како суровина. „Ова сериозно ја нарушува кинеската средина“, соопшти Пекинг, објаснувајќи ја својата одлука на Светската трговска организација. 

Имено, како што расте кинеската економија, обработката на отпадот станува помалку профитабилен. Постојат извештаи кои покажуваат дека по забраната за увоз на отпад, развиените земји, особено САД, имаат проблеми со отстранувањето на ѓубрето.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно