Кијамет во Париз

Кијамет во Париз


Kолони возила долги и над 700 километри во Париз, стотици заробени камиони, затворена Ајфеловата кула - снег го погоди главниот град во вторникот вечер и северниот дел од Франција.

Снегот „значителен и издржлив“ го отежна возењето на запад и на североисток, преку регионот на Париз, соопшти Метеоролошката служба.

Во Париз и околината, 739 километри заглавени возила, вели авто-мото служвата „Ситаден“.

Автобусите кои го опслужуваат главниот град и предградијата претходно се вратени во депоата.

Училишен превоз ќе нема во среда во повеќе делови во Франција, посебно во регионот на Париз.

Состојбата би можела да стане во ноќта меѓу среда и четврток со пад на температурата до минус 10 степени и појава на „леден дожд“ на веќе снежниот терен, рече за АФП Емануел Демел, прогностичар од Метеолошката станица на Париз.

Оваа неверојатна прва епизода од сезоната на снего, по необично благиот јануари, исто така предизвикува тешкотии на пругите.

СНЦФ, националната железничка компанија, објави во вторникот дека ќе ја намали брзината на своите возови во дел од мрежата, предизвикувајќи незначително доцнење, додека линијата брзи возови „Атлантик“ исто така има пречки,

Во парискиот регион, на главните патишта, сообраќајот е забранет за возила над 7,5 тони, соопшти полицискиот штаб и ги повика граѓаните да не тргнуваат на пат.

Снегот се задржува на тлото, и се очекува да биде од 5 до 10 см.

Компанијата која управува со Ајфеловата кула ја затвори во вторник поради временските услови.

Дваесет и два департмани на Франција, вклучувајќи и осум во регионот на Париз, Север и Рона, објавија во понеделникот „предупредување за голем студ“ и за сместување на бездомниците, со отворање на илјадници простори за итно сместување, покрај 13.000 веќе планирани за зимата.

Во петок може да стигне нов снежен бран, од северозапад.

Овој јануари беше најмалку студен за повеќе од еден век, додека рекордните количества дожд предизвикаа поплави во неколку региони.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно