Киднапиран градоначалникот на Триполи

Киднапиран градоначалникот на Триполи


Непознати лица го киднапираа градоначалникот на главниот град на Либија, Триполи, Абдулрауф Хасан Бајтелмал, соопшти денеска Градскиот совет.

Вооружени лица упаднале во домот на градоначалникот во текот на ноќта и го киднапираа.

Се уште не е позната пиричината за неговото киднапирање.

Градскиот совет на Триполи соопшти дека ја прекина работата во знак на протест поради киднапирањето на Бајтелмал и ги повика властите да вложат напори за ослободување на градоначалникот.

Министерството за внарешни работи на Либија соопшти дека трага по Бајтелмал но не наведе повеќе детали.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно