Керик вели Санчез не е лош за мало човече

Керик вели Санчез не е лош за мало човече


Алексис Санчез дебитираше за Манчестер Јунајтед против четвртолигашот Јеовил во ФА купот и капитенот на „црвените ѓаволи“ Мајкл Карик беше импресиониран од она што го виде.

Јунајтед славеше со 4:0, а Санчез одигра 72 минути и му асистираше на Андер Ерера во 61. минута за вториот гол на средбата.

Капитенот го искоментира неговиот настап за клупската телевизија.

–  Не е лош, нели? Не е лош за мало човече. Ќе биде неверојатен играч. Тој е вистински играч на Манчестер Јунајтед и добро е што го имаме со нас. Секогаш се обидува да создава шанси, да игра напред и навивачите ќе уживаат кога ќе го гледаат – вели Карик.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно