Кејн најдобар фудбалер во Англија

Кејн најдобар фудбалер во Англија


Англискиот репрезентативец и прв стрелец во светскиот клупски фудбал за 2017 годуна, Хари Кејн е прогласен за „Фудбалер на годината” во Англија во изборот на фановите.

Кејн доби 75% од гласовите на навивачите на фудбалот на Островот. 24-годишниот Кејн постигна 56 погодоци минатата година, од кои 49 за својот клуб и седум за репрезентацијата на Англија.

Најдобар млад фудбалер е голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, кој потпиша во летниот преоден рок за Евертон и влезе во поширокиот список на Саутгејт во репрезентацијата. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно