Кавга во Барселона

Кавга во Барселона


Неколку минути по срамната елиминација од Рома во четвртфиналето од Лигата на шампионите, дошло до голем инцидент во соблекувалната на Барселона.

Каталонските медиуми тврдат дека Лионел Меси бил толку нервозен што вербално го нападнал тренерот Ернесто Валверде за неговата кукавичка одбранбена тактика и измените што ги направи доцна, кога веќе Рома водеше со 3-0.

На Меси му се придружил и Жерард Пике кој уште за време на натпреварот му сугерираше на Валверде да ја смени тактиката и да внесе напаѓачи, но овој не го послуша.

На патот кон дома, Меси и Иниеста, според шпанските медиуми, не проговориле ниеден зборво авионот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно