Катерина Коцевска нов уметнички директор и селектор на:Војдан Чернодрински

Катерина Коцевска нов уметнички директор и селектор на:Војдан Чернодрински


Актерката Катерина Коцевска е нова уметничка директорка и селекторка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Коцевска е избрана со одлука на собранието на  „Војдан Чернодрински”, кое го сочинуваат претставници од сите професионални театари во Македонија плус член од Факултетот за драмски уметности. Коцевска доаѓа на местото на колегата Петар Темелковски, кој 11 години беше на оваа функција.

Коцевска ни рече дека веќе почнала да гледа претстави од репертоарите на театарите, согласно правилата дека на Фестивалот може да учествуваат претстави од последните две години, заклучно до 30 април годинава. Вели дека повеќе информации за Фестивалот ќе може да даде во иднина, бидејќи следат состаноци со организаторите од Центарот за култура „Марко Цепенков“ и театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Фестивалот традиционално почнува на првиот петок во јуни.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно