Канскиот фестивал ги забрани Нетфликс филмовите

Канскиот фестивал ги забрани Нетфликс филмовите


На Канскиот филмски фестивал, филмовите на Netflix нема да се натпреваруваат со објаснување дека тие не ги исполнуваат условите за влез во натпреварувачка конкуренција.

Тери Фремо, главниот организатор на Канскиот филмски фестивал, објасни дека забраната се должи на тоа што Netflix одбиваат да ги емитуваат нивните оригинални филмови во кино затоа што тие се веќе достапни преку стриминг сервисот на платформата.

Netflix понекогаш прави проекции кои траат еден или неколку дена во киносалите, само за да ги обезбеди условите за учество во натпреварувачка конкуренција на филмските фестивали, кои бараат задолжително филмовите да бидат прикажувани во киносалите барем одреден период пред да можат да се борат за награда на фестивалот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно