Канал 77 не го платил надоместокот за емитување програма

Канал 77 не го платил надоместокот за емитување програма


Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска почна постапка за одземање на лиценците на 15 радија и телевизии што не го платиле надоместокот за емитување

Од 15-те радија и телевизии, само две, радиото „Бум“ од Куманово и радиото „Аниса“ од Пласница подмириле дел од парите за годишната дозвола за емитување. Другите, телевизијата „Ера“ од Скопје, радиото „Канал 77“, телевизијата „Канал 1“ од Велес, телевизијата „К3“ од Куманово, телевизијата „Спектра“ од Лабуништа, радиото „Дуе“ од Гостивар, радиото „Акорд“ од Кичево, радиото „Лав“ од Охрид, радиото „Тет“ од Прилеп, радиото „Фама“ од Тетово и радиото „Ред ФМ“, добија рок од 15 дена да ги исплатат парите или почнатата обврска за одземање на нивните лиценци ќе биде финализирана.

Денеска најголема дискусија покрена предлогот за одземање на дозволата на универзитетското радио „УГД ФМ“ при универзитетот Гоце Делчев од Штип. Како што кажа членот на Советот на ААВМУ, Зоран Фидановски, „жалосно е што ова непрофитно радио се наоѓа во таква состојба, затоа што станува збор за добро опремена куќа во која се обучуваат дел од студентите“. Тој изрази надеж дека универзитетот ќе најде сила во рок од 15 дена да плати за дозволата.

На тоа Зоран Трајчевски, директорот на АВМУ рече дека може и да се случило радиото да има испратено налог до Министерството за финансии, па ААВМУ да не е информирана. Можеби платиле. Сме имале такви случаи во минатото, со ненавремено префрлање средства, па ни праќале вирман. Да се надеваме дека и сега е така – рече Трајчевски.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно