Каменуван домот на Алиловиќ, се огласи сопругата Ива: Повеќе нема да игра за проклетата репрезентација

Каменуван домот на Алиловиќ, се огласи сопругата Ива: Повеќе нема да игра за проклетата репрезентација


Навивачите очекуваа златен медал, а ракометарите ќе се борат за петтот место на Европското првенство, Поради тоа во Хрватска владее големо разочарување.

Надежите на Хрватите дека конечно и тоа на домашен терен ќе стигнат до единствениот златен медал кои им недостига од големите натпреварувања ги урна Франција. 

„Експертите“ синоќа ја победија Хрватска 30:27. Како еден од виновниците за поразот дел од навивачите го окарактеризирале голманот Мирко Алиловиќ. Имено, семејниот дом на Алиловиќ бил каменуван по завршувањето на натпреварот во Загреб. 

Сопругата на голманот на Веспрем, Ивав Алиловиќ, по повод вандалскиот чин се огласила на „Фејсбук“. 

„Го преколнував секогаш кога ќе заминеше во таа проклета репрезентација. Ова му е последен пат!“, напишала Ива Алиловиќ, која исто така не заборавила да напише дека семејниот дом претрпел сериозни оштетвања.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно