Кала е првата носителка на златен медал од ЗОИ

Кала е првата носителка на златен медал од ЗОИ


Швеѓанката Шарлот Кала дојде до првото место во нордиско скијање на 15 километри и го освои првиот златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 година.

Таа ја победи бранителката на титулата од минатите игри Марит Бјорген за 7,8 секунди, но Норвежанката може да се утеши со фактот дека стана најтрофејната олимпијка на сите времиња. Сребрениот медал значи дека таа сега има вкупно 11 одличја од Олимписките игри.

Кала триумфираше на трката со време од 40 минути и 44 секунди и девет стотинки и дојде до златниот медал, додека Криста Пармакоски од Финска дојде до бронзата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно