Како умре најмладата британска пратеничка Клариса, да не ја отровија

Како умре најмладата британска пратеничка Клариса, да не ја отровија


Најмладата британска пратеника, 21-годишната Клариса Слејд, е пронајдена мртва во својот студентски стан во Винчестер, јавуваат британските медиуми.

Кларисла Слејд е избрана за конзервативниот собраниски округ Мид Девон во 2015. година, кога имала 18 години. Во понеделникот е пронајдена мртва во студентски стан во Винчестер, каде студирала класична книжевност. Причината за нејзината смрт уште не е позната, и се чекаат резултатите од обдукцијата. 

Нејзиниот татко Колин Слејд изјавил дека е во шок поради загубата на ќерката: "Трагично е што животот и е толку скратен. Велеше дека еден ден сака да стане премиерка - кој знае што се можеше да постигне. Многу ќе им недостасува на сите кои ја познаваа".

Портпаролот на Универзитетот Винчестер изјавил: "Во длабока тага сме поради нејзината смрт и нашите мисли и молитви се со нејзиното семејство и пријателите во овие тешки моменти".

Претседателот на собранието на округот Мид Девон, Клајв Егинтон, рекол: "Клариса поради својот карактер им била драга на сите кои ја познавале".

"Имаше блескава иднина пред себе"

Извршниот претседател на собранието Стивен Валфорд изјавил: "Ова е очигледно голем шок за сите во собранието и ќе влијае на сите кои работеа со Клариса. Нејзините родители, кои се членови на собранието, ќе бидат скршени од оваа вест и ние ќе им помогнеме на сите можни начини".

Пратеникот во Норт Девон, Петер Хитон Џонс, на Твитер напишал: "Добро ја познавав Клариса. Напорно работеше и секогаш беше фина и расположена, имаше блескава иднина пред себе. Ова е многу тажен ден".

Слејд во 2015. година добила место на Универзитетот во Винчестер, каде студирала класична книжевност. Тогаш рекла дека нема намера да поднесе оставка и дека останува посветена на служење на своите сограѓани.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно