Како се крадеше народот.Како се стануваше супербогат!

Како се крадеше народот.Како се стануваше супербогат!


Фирмата за обезбедување „Секјурити груп сервисис“ и градежната компанија „Трансмет“ ги добиле најголемите државни тендери во 2017-тата година, покажува филтерот на податоци на Бирото за јавни набавки

Двете фирми со години важеа за блиски до претходната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. „СГС“ се поврзуваше со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, а „Трансмет“ беше во сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, сега осомничен во предмет на СЈО.

„Трансмет“ го добила третиот најголем државен тендер минатата година, односно оној за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола. Тендерот е во вредност од 7 милиони евра. Сепак неодамна, поради сериозни финансиски проблеми, компанијата се откажа од оваа јавна набавка и ЕЛЕМ го раскина договорот.

„СГС“, пак, минатата година се офајдила со осмиот по ред најскап државен тендер. Била избрана од ЕВН Македонија АД-Скопје за обезбедување на имот и лица и патролно обезбедување на дистрибутивната мрежа. Тендерот е во вредност од 3,8 милиони евра.


Минатата година „СГС“ добила вкупно осум државни тендери. Во јули договор со оваа фирма, во износ од 230.000 евра, склучила претходната администрација на Град Скопје, на чело со Коце Трајановски, за обезбедување имот и лица во училиштата. СГС обезбедува училишта, општини, државни институции и болници од јавното здравство.

Меѓу фирмите кои ги добиле најскапите државни тендери е и градежната фирма „Бауер БГ“. Оваа фирма често беше носител на јавните набавки за градбите од проектот „Скопје 2014“. Беше ангажирана за реновирање на владината фасада и реконструкција на внатрешноста, зафат за кој беа фрлени над 17 милиони евра. Непосредно пред промена на власта „Бауер БГ“ го доби и тендерот од 10 милиони евра за изградба на нов Драмски театар. Договорот беше потпишан на 15-ти март минатата година, од претходните функционери во Министерството за култура.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно