Кај сте виделе со кесичка кокаин да се чепкаат заби(Видео)

Кај сте виделе со кесичка кокаин да се чепкаат заби(Видео)


"Ма каква кокаинска кесичка, ми падна чепкалка за заби", ја објаснил премиерот на Словачка, Петер Пелегрини, спорната кесичка која му паднала од џебот на прес конференцијата.

Само што стапил новиот премиер на должност, поради наводниот скандал сите очи се насочени кон него. Сомнителната кесичка му паднала од џеб за време на една прес конференција, а Пелегрини брзо ја собрал кога сфатил дека се нашла на масата. Словачката јавност веднаш се посомневала дека станува збор за дрога, па Пелегрини се нашол на удар. 

Голем број на слики со шеги на негова сметка го преплавиле интернетот, а Пелегрини упорно објаснува дека станува збор за чепкалка за заби.

"Два дена се занимавате со ова. Тоа е чепкалка за заби", им рекол Пелегрини на новинарите и рекол дека никогаш во животот немал искуство со кокаин.

Тој на својата Фејсбук страна споделил и видео на кое објаснува дека станува збор за спакувани чепкалки за заби, од кои, како што вели, една му паднала.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно