Каде водат Ѕвездени патеки

Каде водат Ѕвездени патеки


Франшизата Ѕвездени патеки моментално е неизвесна, бидејќи никој не изгледа како да знае што се случува. Сигурно е дека во блиска иднина ќе видиме и четврти дел Ѕвездени патеки, но никој не е сигурен што ќе биде тоа

. Во најновото интервју со Закари Квинто се откри дека всушност постојат три одделни сценарија за Ѕвездени патеки 4, на кои се работи додека зборуваме . Еве што кажа Закари Квинто за претстојното продолжение, наведувајќи дека сите се во "состојба на исчекување" за филмот.

"Прво, мислам дека има неколку сценарија. Бидејќи веќе се пишуваше едно сценарио пред Квентин Тарантино да излезе со својата идеја за потенцијален филм.  Затоа мислам дека развиваат повеќе од едно. Така што, не знам што ќе се случи. Квентин моментално снима друг филм. Чувствувам дека сите сме во исчекување. Сите ние сме навистина возбудени околу идејата да работиме со Квентин на Ѕвездени Патеки, но знам дека Симон Пег и Даг Јунг, кои го напишаа последниот филм, пишуваат сценарио и има уште една тим сценаристи кои пишуваат друго сценарио. Така што, не знам. Не знам што ќе се случи ". Симон Пег минатата недела објави дека сценариото на кое работел со Даг Јунг било завршено пред Квентин Тарантино да го понуди своето сценарио, на кое работел со Џ.Џ. Абрамс. Сè уште нема индиции дали актуелниот тим актери од минатите три дела Ѕвездени Патеки, вклучувајќи ги Крис Пејн, Закари Квинто, Зое Салдана, Симон Пег, Џон Чо и Карл Урбан, ќе бидат искористени во Ѕвездени Патеки на Тарантино. Ѕвездени Патеки 4 беше откриен уште во јули 2016 година, кога беше потврдено дека Крис Хемсворт ќе ја повтори својата улога од 2009 година како Џорџ Кирк, таткото на Крис Пајн, Џејмс Тибериус Кирк. И покрај тоа што умре на почетокот на филмот, кога се роди неговиот син, откриено беше дека Џејмс Кирк на некој начин ќе се сретне со својот татко во четвртиот дел од Ѕвездени Патеки, што значи дека ќе има патување во времето. Тогаш, исто така, се откри дека Џ.Д. Пејн и Патрик Мекеј, кои учествуваа во пишувањето на сценариото за третиот дел, го пишувале сценариото и за четвртиот, така што веројатно е дека тие се третиот тим сценаристи споменати од Закари Квинто.
Знам дека ништо не знам. Што ќе се случи останува да видиме.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно