Кабул: Бомба скриена во возило на Итна помош уби најмалку 95 лица

Кабул: Бомба скриена во возило на Итна помош уби најмалку 95 лица


Најмалку 95 лица загинаа, а 158 се повредени во напад во Кабул, соопшти авганистанското Министерството за здравство

- Билансот сега изнесува 95 мртви и 158 повредени - рече портпаролот на министерството Вахид Маџрох.Во претходниот биланс, имаше 63 мртви и 151 повреден, велат властите, додавајќи дека ова не е конечниот број на жртви, бидејќи многумина од  повредените се во критична состојба.

Возило на Итна помош екслодира утрово на полициски контролен пункт во Кабул, во делот од градот каде се наоѓаат странските амбасади и владини згради, соопштиавганистанското Министерство за здравство.Одговорноста за овој самоубиствен бомбашки напад ја преземаа Талибанците, недела дена по извршениот напад врз хотелот „Интерконтинентал" во Кабул, при што загинаа повеќе од 20 луѓе.

- Ова е масакр - изјави Дејан Панич, координатор на италијанската хуманитарна група „Имрџенси" во Авганистан, која управува со болницата која е во близина.Во пораката објавена на Твитер, оваа групата соопшти дека повеќе од 50 повредени биле префрлени само во таа болница.Пратеникот Мирваис Јасини, кој бил во близина на експлозијата, изјави дека возилото се приближувало до контролниот пункт, кај канцеларијата на Високиот совет за мир и бројните амбасади, а потоа експлодирало

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно