Јужна Кореа бара Црногорци

Јужна Кореа бара Црногорци


Властите во Сеул најавија нова иницијатива за исклучување на компјутерите во петок во 20 часот за да ги присилат вработените навреме да го напуштат работното место.

Јужна Кореја ќе мора да примени драстични мерки за да ја спречи културата на зависници од работа што целосно ја зафати земјата. Властите во Сеул најавија нова иницијатива за исклучување на компјутерите во петок во 20  часот за да ги присилат вработените навреме да го напуштат работното место.

Оваа држава е една од земјите во светот со најдолги работни часа. Владините службеници просечно, на годишно ниво работат 2.739 часа. Властите на Сеул информираа дека иницијативата ќе трае три месеци, а започнува од 30 март. 

Планот има три фази. Во првата фаза, компјутерите ќе се гасат во 20 часот, потоа во 19.30, и на крајот во 19 часот. Наведено е дека 67.1 проценти од владините службеници би можеле да бидат исклучок од најавените рестрикции.

Владата минатиот месец донесе закон со кој бројот на максимални работни часови беше намален од 68 на 52.

Јужна Кореја ќе ја забрани и фамозната работна недела од дури 68 часа за да се поттикне фокусирањето на семејството. Со новите измени, Јужнокорејците ќе имаат нормална работна недела од 40 часа со максимум 12 часа прекувремена работа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно