Јувентус потпиша со 18-годишен талент на ПСВ Ајндховен

Јувентус потпиша со 18-годишен талент на ПСВ Ајндховен


На крајот од зимскиот преоден рок, италијанскиот првак Јувентус го доведе 18-годишниот фудбалер за врска на ПСВ Ајндховен, Леандро Фернандез.

Се работи за младински репрезентативец под 18 години на Холандија, а неговите корени се од Ангола. 

Најнапред ќе го засили младинскиот тим на Јувентус, а ако задоволи, ќе добие шанса и од Алегри. Попладнево треба да ги мине лекарските прегледи и утре ќе биде претставен пред јавноста. 

Спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота изјави дека клубот нема да купува други засилувања и покрај повредите на Дибала и Квадрадо.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно