Јувентус доведува засилувања, преку глава им се порази

Јувентус доведува засилувања, преку глава им се порази


Јувентус во претходните три години двапати стигнуваше до финалето во Лигата на шампионите, а многумина очекуваа „Старата дама“ конечно оваа сезона да дојде до самиот врв.

Меѓутоа, клубот од Торино доживеа дебакл на домашен терен во првиот меч од четвртфиналето и ќе има невозможна мисија да дојдат и до полуфиналето.

Реал уште еднаш покажа сила и со 3:0 го демолираше Јувентус. Иако „Старата дама“ е суверен владетел на италијанскиот фудбал (во последните шест години освоија шест титули и три купа, а на добар пат се и сезонава да освојат двојна круна), тоа очигледно не е доволно за Европа, каде Јуве не може да се мери со најдобрите шпански клубови.

Поради ова семејството Ањели, кое управува со Јувентус, веќе сега се насочува кон засилувањата за следната сезона. Големите засилувања кои на лето Јуве ќе се обиде да ги доведе се Антоан Гризман и Единсон Кавани.

За Гризман најзаинтересирана e Барселона, која според шпекулациите веќе го договорила неговиот трансфер, но Јуве во последен момент ќе се обиде да го расипе тоа. Според „Тутоспорт“, раководството на Јувентус има подготвено понуда за Гризман и постојат големи шанси тој на крајот да заврши во Торино, а Атлетико да го добие Пауло Дибала.

Меѓутоа, би се работело за два различни трансфери, па Јуве за Гризман би можел да издвои 100 милиони евра, а во спротивна насока да се упати Дибала за нешто повисока сума.

Но, со оглед на тоа дека мисијата со Гризман би била потешка, Кавани од друга страна би бил полесна мета. Уругваецот, според „Трансфермаркт“, вреди 60 милиони евра, а јасно е дека ќе си замине од ПСЖ по завршувањето на сезоната поради недоразбирањата кои ги има со Нејмар.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно