Јунак на денот:Падна на почетокот, потоа ги мина сите и победи

Јунак на денот:Падна на почетокот, потоа ги мина сите и победи


Норвежанецот Симен Хегстад Кругер, кој во првите секунди од трката падна и загуби доста време, се одвои од останатите конкуренти и направи скоро десет секунди предност

Временските услови на терените во Пјонг Чанг беа доста неповолни, снегот беше претврд, а температурата достигнуваше и до 16 степени под нулата, што е за пет помалку од дозволеното.

Иако водеше во првите 13 километри, Финецот Ливо Нисканен на половината од трката падна на четвртата позиција, а водечкките позиции ги презедоа Норвежанецот Клаебо, Канаѓанецот Харви и Французинот Гаљар. 

На почетокот од последниот круг, Норвежанецот Симен Хегстад Кругер, кој во првите секунди од трката падна и загуби доста време, се одвои од останатите конкуренти и направи скоро десет секунди предност пред Британецот Мусграве. Набрзо Симен се одлепи и на плус 25 секунди предност и во финишот со време од 1:16,20 го освои златот. За комплетирање на норвшекото славје, Сундби го освои среброто, а Холунд бронзениот медал.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно