Јунајтед е посилен, навивачите горди

Јунајтед е посилен, навивачите горди


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека Алексис Санчез е делот кој му недостасувал на неговиот тим и го опиша Чилеанецот како еден од најдобрите напаѓачи во светот.

„Алексис е еден од најдобрите напаѓачи во светот и со неговото доаѓање ќе дадеме ентузијазам на групата од млади и талентирани напаѓачи. Тој ќе придонесе многу со својата амбиција и силен карактер, како и со квалитетот кој го има секој фудбалер на Манчестер Јунајтед. Тимот сега е многу посилен и фановите ќе бидат горди на својот клуб“, изјави Мурињо

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно