Јирген Клоп не сака да ја растури трансфер забавата

Јирген Клоп не сака да ја растури трансфер забавата


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не им даде многу надежи на фановите дека можат да видат нови засилувања на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок, но сепак не ја исклучи таа можност 100%.

До овој момент „црвените“ го донесоа Вирџил ван Дијк, но се разделија со својот најдобар фудбалер Филипе Кутињо, па медиумите шпекулираа дека Ливерпул ќе донесе замена за Бразилецот.

Најчестото име кое се поврзува со Ливерпул е Томас Лемар од Монако, но Клоп изјави дека мали се шансите да пристигне некој фудбалер до крајот на преодниот рок.

„Многу е веројатно дека нема да пристигне никој до крајот на преодниот рок. Сепак не можам тоа да го кажам со 100% сигурност. Тоа значи дека ќе ставам крај на сите шпекулации, а не сакам да го правам тоа. Треба да се забавуваме и во следните неколку дена“, одговори Клоп во свој стил.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно