Ја тепал мајка си, па со камења мавал по полиција, па дури и бомба сакал да фрли

Ја тепал мајка си, па со камења мавал по полиција, па дури и бомба сакал да фрли


Вчера во 14.00 часот во Полициското одделение Галате, Х.А. (45) од с. Сенокос пријавила дека од страна на нејзиниот син А.А. (21) и била нанесена повреда.

Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и во дворот од семејната куќа ги затекнале пријавителката и нејзиниот сопруг како разговарале со лицето Н.И. во врска со настанот. Потоа А.А. почнал да ги навредува со погрдни зборови полициските службеници и неговите родители, а во еден момент почнал да фрла со камења кон нив. Од нивна страна А.А. бил предупреден да престане, но истиот продолжил и се заканувал дека ќе фрли бомба.

А.А. бил приведен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно