Ја прободеле со нож, пукале по неа, жена заштитар

Ја прободеле со нож, пукале по неа, жена заштитар


Обезбедување во ноќни клубови е навистина тешка работа, а Делиа Елхосајни била првата жена во Британија која го работела тоа цели 30 години, почнувајќи од 1985 година.

Делиа живе во Чедезден и одлучила да проговори за работата со која се занимавала цели 30 години од која се повлекла пред три години.

Таа вели дека на работното место доживеала многу опасни работи, преживеала убоди со нож, била ранета со огнено оружје, па дури ѝ помогнала на бремена жена која се породувала во тоалет.

"Во осумдесеттите тоа не беше женска работа, но знаев дека тоа можам да го правам и уживав во тоа. Сите ме нарекуваа "мама", бидејќи јас бев првата жена што работеше како обезбедување. Така ме викаа од почит", изјавила Делиа. За време на својата кариера доживеала многу работи, а ја издвоила приказната за породувањето на трудницата во тоалет.

"Ја отврорив вратата и погледнав жена која се породува на подот. Додека ја чекавме Брзата Помош, всушност јас го извршив породувањето", вели Делиа. 

Постојано имаше опасни ситуации, а исто така преживеала убоди со нож и била ранета со огнено оружје.

"Не им се допаѓав на дилерите со дрога, еден помина покрај мене и ме избоди со нож во врат. Сепак, на работа се вратив следната ноќ и седев на вратата иако бев шиена. Ништо не може да ме сопре", вели Делиа.

Но, работата која ја работела не ја одобрувале нејзината мајка и пријателите, а за тоа вели:

"Моите пријатели сметаа дека сум луда, а мајка ми беше уплашена. Секој пат кога ќе излезев, таа проверуваше дали се вратив дома и дали сум "цела". Тоа го работев 30 години така што мислам дека добро ѝ служев на мојата заедница".

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно