Ја натерал својата девојка да се вклучи во живо на Фејсбук, па испукал шест куршуми во неа

Ја натерал својата девојка да се вклучи во живо на Фејсбук, па испукал шест куршуми во неа


Една девојка била убиена од страна на поранешното момче, за време на пренос во живо на Фејсбук.


27-годишната Ранита Вилијамс за време на расправијата со своето поранешно момче, Џонатан Робинсон, ја вклучила опцијата за пренос во живо на Фејсбук, за тој по неколку минути ладнокрвно да ја убие додека тоа го гледале нејзиното семејство и пријателите. Како што се наведува, Робинсон, кој ја држел Ранита заробена во својата куќа во Луизијана, ја натерал да ја пушти камерата и да му се извини пред сите. Сепак, засега не е познато која била причината за ова бизарно злосторство. 

На страшната видео снимка може да се види како жртвата седи додека убиецот оди околу неа и јасно ѝ праќа смртни закани. "Ку*ко, сакаш да бидеш позната?", ја прашал неколку пати, на што Вилијамс му рекла дека не сака, и го молела да се смири.

Меѓутоа, тој не престанал со своите закани. "Сите сакаат да станат познати, ајде да станеме познати денес", можел да се слушне убиецот додека кружел околу неа со пушка во рацете. "Застани Џонатан, застани", биле последните зборови кои ги изговорила Ранита пред нејзиното поранешно момче да испука шест куршуми кон неа. На крајот од снимката тој рекол: "Сега е крај ку*ко. Сега е крај". Ранита по нападот била пренесена во болница, но таму им подлегнала на раните. 

Од полицијата изјавиле дека во акцијата за апсење учествувале повеќе од 40 полицајци, како и дека дошло до размена на оган меѓу нив и убиецот, и дека тоа траело цели 90 минути пред тој на крајот да биде уапсен. Робинсон е обвинет за убиство од втор степен, а инспекторите навеле дека ова не било прв пат тој да ја малтретира својата поранешна девојка.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно