Ја фрлил ќерката од кров за да спречи уривање

Ја фрлил ќерката од кров за да спречи уривање


Маж од Јужна Африка е обвинет за обид за убиство откако ја фрлил својата шестмесечна ќерка од врвот на колиба, за да спречи уривање.

Таткото на возраст од 38 години го однел бебето на покривот на својата куќа во знак на протест против булдожерите кои дошле да рушат, во градот Квадвеси во Јужна Африка. Шест полицајци се построиле на земја под него, додека еден се качил на покривот и се обидел да разговара со него. Тој го држел детето за нога пред да го фрли. На фотографијата се гледа полицаец на кровот кој се обидува да го зграби таткото пред тој да го фрли бебето.

Фудбалерите на земја го фатиле детето и тоа не добило никакви повреди. Таткото потоа е уапсен и обвинет за обид за убиства.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно