Извршителката што наплатила 200 евра за долг од 1 денар ветила дека ќе направи сe за да се реши ситуацијата

Извршителката што наплатила 200 евра за долг од 1 денар ветила дека ќе направи сe за да се реши ситуацијата


Извршителката Моника Муча преку која било изготвено решението за наплата на над 200 евра за долг од казнена камата од 1 денар на скопски пензионер, вчера се сретнала со синот на должникот, објави тој на „Фејсбук“.

„Би сакал да ве известам дека по објавувањето на мојата објава во врска со извршителското решение кое пристигна на адреса на татко ми, денеска се сретнав со извршителката Моника Муча, која е подготвена да излезе во пресрет и да се изнајде решение во согласност со нејзиините законски надлежности за настаната сигуртација“. 

Синот на должникот напиша дека дејствијата се започнати на барање на доверителот пред нотар, а притоа тврди дека во ниту еден момент во изминатиот период од речиси 2 години татко му не бил лично известен ниту од доверителот, ниту од нотарот дека има казнена камата од 1 денар, ниту пак дека постојат нотарски трошоци кои прозилегуваат од постапката за наплата на таа камата. „Со објавата немав намера да ѝ нанаесам лична штета на извршителката, туку целиот револт и гнев е изразен кон начинот на кој функциниора целиот систем во кој се поврзани големите доверитлеи, нотарите, адвоактите и извршителите, што најчесто завршува на штета на граѓаните“, напиша тој на „Фејсбук“.

Вчера Комората на извршители реагираше со соопштение во случајот, во кое пишува: „Согласно извршната исправа должникот бил задолжен да плати износ од 3.464,00 денари на име главен долг, како и трошоци во постапката направени пред нотарот во износ од 4.208,00 денари. Од причина што, должникот со задоцнување го платил главниот долг, а трошоците на постапката во износ од 4.208,00 денари останале ненаплатени започнува да тече камата на главен долг. 

Со оглед на тоа доверителот и пресметал законска казнена камата во износ од 1.00 денар во барањето пред извршителот побарал и исплата на трошоците содржани во платниот налог издаден од нотарот“. Комората ги поучи граѓаните дека обврските да ги намируваат навремено, со што би се избегнале дополнителни трошоци кои влијаат врз нивниот личен стандард.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно