Извлечени групите за УЕФА Лига на нации, Македонија фаворит во групата

Извлечени групите за УЕФА Лига на нации, Македонија фаворит во групата


Како што беше и очекувано, фудбалската репрезентација на Македонија доби лесна група во која ја презема улогата на фаворит, заедно со Ерменија.

Останатите групи исто така беа извлечени во ждрепката која се одржа денеска попладне во Лозана.

Македонија се падна во групата 4 од Лигата Д, каде за противници ги доби селекциите на Гибралтар, Лихтенштајн и Ерменија. По крајот на ждрепката, Македонија и Ерменија беа прогласени како големи фаворити во оваа група, каде ќе се сретнат со две полу-професионални фудбалски репрезентации, Гибралтар и Лихтенштајн.

Групните натпревари ќе се одиграат од септември до ноември 2018 година, а тимовите ќе играат меѓусебно по системот дома-гости, што значи дека ќе се игра на 6 датуми низ овие два месеци. Победниците од групите во лигите Б, Ц и Д ќе напредуваат по една лига погоре, додека победниците од групите во Лигата А ќе одат во финалето, каде ќе играат за пласман на Европското првенство 2020 година. 

Датумите за натпреварите се: 

Натпревар 1: септември 6-8 

Натпревар 2: септември 9-11 

Натпревар 3: октомври 11-13 

Натпревар 4: октомври 14-16 

Натпревар 5: ноември 15-17 

Натпревар 6: ноември 18-20

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно