Израел е терористичка држава за Ердоган

Израел е  терористичка држава за Ердоган


Еј Нетанјаху, соземи се“, рече Ердоган во своето обраќање пред граѓаните пред окружен конгрес во Адана на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). „Ти си терористичка држава. Јасно е што правиш во Газа, Ерусалим. Никој во светот не те сака“

Размената на остри реплики во последните два дена меѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху продолжи денес со зборовите на турскиот лидер кој го споредува Израел со „терористичка држава“, пренесе „Jerusalem Post“. Полемиката избувна, откако турскиот претседател го критикуваше вчера Израел за насилството за време на протестите на Палестинците во појасот Газа, обвинувајќи го дека користел „непропорционална сила“ и извршил „нехуман напад“.

Израелскиот премиер рече дека не прифаќа да биде подучуван „од оној кој со години бомбардирал цивили“.

„Еј Нетанјаху, соземи се“, рече Ердоган во своето обраќање пред граѓаните пред окружен конгрес во Адана на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). „Ти си терористичка држава. Јасно е што правиш во Газа, Ерусалим. Никој во светот не те сака“, рече уште турскиот претседател.

„Треба да го знаеш следново: не се занимавај со угнетените луѓе. Не се занимавај со нас! Не чекај од нас позитивен збор кога не постапуваш чесно“, додаде Ердоган во своето обраќање до израелскиот премиер.

Во петокот десетици илјади Палестинци се собраа во близина на границата со Израел за протести, кои треба да траат шест недели. Во нив се инсистира на правото на враќање на палестинските бегалци кои избегале или биле протерани од своите домови во војната, која следи по создавањето на Државата Израел во 1948 година.

Најмалку 16 Палестинци кои се доближиле до граничните огради, биле застрелани од израелски војници, а над 1.400 се повредени според податоците на Министерството за здравство на Појасот Газа.
Израелската армија соопшти дека отворила оган по демонстранти, кои ги гаѓале војниците со камења или коктели „Молотов“, стрелале кон нив или се обиделе да навлезат во Израел преку граничните огради.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно