Изминатото деноноќие 14 сообраќајки во Скопје, пешак тешко повреден

Изминатото деноноќие 14 сообраќајки во Скопје, пешак тешко повреден


Со тешки телесни повреди се здобил пешак во една од вкупно 14 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во девет сообраќајки со полесни повреди се здобиле девет лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување и двајца возачи за неправилно престигнување. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. 

Од сообраќај биле исклучени тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 17 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 12 технички неисправни возила и 19 нерегистрирани возила. Затекнати биле 89 непрописно паркирани возила. 

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 87 возила. Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од второ одделение во ООУ „Христијан Т. Карпош“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош. 

Одделението за превенција ќе одржи и посебна воспитна мерка сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен појас и престројување).

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно