Излапениот композитор, со ниски хоризонти

Излапениот композитор, со ниски хоризонти


Познатиот грчки композитор, Микис Теодоракис ја прифатил поканата на организаторите да биде дел од протестот во Атина за „Македонија“.

Ако не може да дојде на местото на протестот, тогаш со снимена порака ќе ги поздрави присутните.

„Микис Теодоракис откако рече дека е горд за огромниот собир на грчкиот народ за Македонија што се одржа во Солун на 21 јануари, се обврза да упати барем снимена поздравна порака на протестот за Македонија во Атина“ - соопштуваат организаторите, откако претседателот на организацискиот одбор го посетил грчкиот композитор, а Теодоракис одговорил позитивно.

Неодамна нашиот познат оперски пејач, Благој Нацоски на социјалната мрежа Фејсбук реагираше на изјавата на Теодоракис околу спорот со името на нашата земја. Теодоракис тогаш повика политичарите да останат на линиите повлечени во 1992 година и да не дозволат зборот Македонија да биде дел од ниту едно прифатливо решение.

Неодамна Радио Штип објави дека сите композиции чиј автор е Микис Теодоракис се симнуваат од емимтување, вкучувајќи ги и композициите со групата “Афродитини деца“ со се хитовите кои тој ми ги напиша на Демис Русос.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно