Изборна кампања во Италија: Рим затрупан во ѓубре, низ ѓубрето "копа" свиња, а никој ништо не презема

Изборна кампања во Италија: Рим затрупан во ѓубре, низ ѓубрето


Иако Италија е во изборна кампања пред општите избори, на 4. март, италијанската престолнина е преплавена во ѓубре.

Градоначалничката Вирџинија Раџи не учествува во изборната трка, меѓутоа, тоа не им пречело на нејзините политички противници во текот на кампањата да ја критикуваат поради ѓубрето, но и поради една свиња која "шета" по улиците на италијанската престолнина.

Така поранешниот италијански премиер Матео Ренци, чија Демократска партија нема претерана поддршка од гласачите според последните анкети, се пошегувал на таа тема, наведувајќи: "Претходно беше волк, а сега симбол на Рим е свиња", алудирајќи на волчицата и основањето на стариот Рим.

Десничарската лидерка Џорџа Мелони, на Фејсбук поставила фотографија од свиња на која се гледе како животното "копа" по ѓубрето. Нејзиниот коментар под сликата гласел: "Ова е Рим".

Вирџинија Раџи, членка на Популистичкото движење "Пет ѕвезди", движење кое според анкетите води во изборната трка, изјавила дека политичарите би требало да се свртат на некои други, поважни теми, а дека свињата, инаку, "одлутала од своето живеалиште".

Политичкиот аналитичар Франко Павончело, меѓутоа, коментира дека луѓето не се толку многу за движењето "Пет ѕвезди", колку што се против актуелниот систем.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно