Ивона Талевска на обвинителна клупа, судијката Бахчовановска ќе одговара за влечење на предметите

Ивона Талевска на обвинителна клупа, судијката Бахчовановска ќе одговара за влечење на предметите


Уредничката во Сител, Ивона Талевска на 19 февруари ќе седне на обвинителна, откако во  Кривичниот суд беше одобрено обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тифани“. Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување.

Според обвинението што го поднесе СЈО, Ивона Талевска во периодот од 2008 до 2014, со намера таа и правните лица Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје и агенцијата Смарт, да одбегнат плаќање даноци, давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок.

Наводно, фирмите на осомничената одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.Според СЈО, таа од сметките на фирмите купувала долна облека во вредност од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди, иако ништо од ова не влегувало во опис на потереба за работа на тие фирми.

Од кривичниот суд соопштија дека е побарана изјава од судијката Моника Бахчовановска, да одговори зошто и по неколку месеци од добивање на предметите на СЈО не носела решенија за одобрување или не одобрување на обвинителните акти. Поради ваквото однесување на судијката Бахчовановска, која сега е префрлена од кривично на прекршоци, неколку предмети на СЈО кои се водат пред одделот на кривично полнолетни, меѓу кои и овие за Ивона Талевска и Драган павловиќ Латас, со месеци не биле процесуирани.

-За овие предмети и СЈО бараше одговори зошто не се процесуираат толку долго време. И ние како судска управа, побаравме од судијката Моника Бахчовановска да даде изјава зошто толку долго време не постапувала по предметите. Судијата даде некакви одговори, кои понатаму треба да ги ценат институциите. Имаше предмети и кај други судии по кои не било одлучено подолго време, но овие кај Моника Бахчовановска беа најдолго чувани - вели Иван Џолев, претседтел на Кривичниот суд.

Дел од овие предмети се паднаа кај судијката Софија Лаличиќ, како тој за тортурата против Сашо Мијалков и членови на единицата „Алфи“, но таа побарала изземање, па овој предмет сега ќе го суди Биљана Коцевска.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно