Итроштината на Раиола и дипломатијата на Јунајтед

Итроштината на Раиола и дипломатијата на Јунајтед


Мино Раиола е познат како еден од најтешките и најкомплексните преговарачи во светскиот фудбал, но исто така важи за еден од најдобрите менаџери кога се во прашање правата кои им ги овозможува на своите клиенти.

Раиола се покажа како клучен човек и во последниот значаен трансферр кој го напрви Манчестер Јунајтед, бидејќи преку негови раце мина размената меѓу Алексис и Мхитаријан, од едноставна причина што тој мораше да го наговори Ерменецот да се пресели на „Емирејтс“. Деталите од договорот на Мхитаријан се уште не се познати, но во меѓувреме на сила доби веста која се појави во англиските медиуми, а со која се откри лукавиот обид кој го имал Раиола пред една и пол година.

Пол Погба имаше сензационално враќање на „Олд Трафорд“ и тогаш во рекорден трансфер од повеќе од 110 милиони евра стана најскап играч во светот, но за тоа колку брзо се менуваат нештата во модерниот фудбал, најдобар доказ ни се само последните шест месеци. Нејмар во меѓувреме стана најскап играч во историјата на фудбалот откако направи премин од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра, а Санчез сега има убедливо повисока плата од Погба кој во 2016 година се договори да прима 200 илјади фунти неделно.

Според информациите на англиските таблоиди, Алексис ќе заработува двојно повеќе од Погба со плата од 400 илјади фунти неделно, но навраќајќи се наназад низ времето, близок извор на Јунајтед во изјава за таблоидот „Сан“ откри каква лукава клаузула сакал да вметне Раиола во договорот на Погба. Менаџерот дал предлог францукиот фудбалер да има паритетна плата со оглед на тоа како се одвиваат случувњата во фудбалот, односно да заработува онолку колку што заработуваат и најголемите ѕвезди во Премиер лигата. Тогаш, политиката на клубот не дозволила вметнување на ваква клаузула, а денешната реалност ни покажува дека со тоа Јунајтед заштедува 200 илјади фунти неделно, бидејќи планот на Раиола бил Погба секогаш да биде најплатен играч на тимот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно