Итна евакуација во Германија поради бомба од Втората светска војна

Итна евакуација во Германија поради бомба од Втората светска војна


Повеќе од 26.000 жители на градот Падерборн кој се наоѓа во западна Германија, биле евакуирани со цел специјалните тимови да можат безбедно да отстранат бомба од Втората светска војна.

Евакуирани биле две болници, универзитет и неколку домови за стари лица, пренесува „Еуроњус“. Како што се наведува, деактивирана била британската бомба тешка 1,8 тони, една недела откако истата била откриена во градина на длабочина од само 80 сантиметри. Поради отстранување на бомбата потребно било да се евакуира област во радуис од 1,5 километри од местото каде што била пронајдена експлозивната направа. 

Германскиот Црвен крст, противпожарната служба и полицијата помогнале да се евакуираат граѓаните, а биле отворени и засолништа за итни ситуации.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно