Италија:Од автомобил пукал во црнци

Италија:Од автомобил пукал во црнци


Најмалку 7 лица се повредени во пукање во градот Мачерати во централна Италија.

Неколку медиуми јавиле дека било пукано од автомобил кој минал низ центарот. 

Пукање е пријавено во неколку раздвижени делови од градот, вклучувајќи ја и железничката станица. Државната телевизија RAI пренела дека изгледало дека напаѓачот целел во црнци на улиците. Градоначалникот Романо Каранчини на Фејсбук им се обратил на граѓаните. Тој им порачал да останат дома. "Во градот има вооружен човек кој пука. Го сопревме јавниот превоз. Ги замоливме училиштата да ги задржат децата до неодредено. Се препорачува да не одите по нив". Италијанската полиција објавила предупредување за жителите да останат во затворен простор. "Пукање во Мачерати. Има ранети. Во тек е полициска операција. Останете засолнети и избегнувајте јавни простори", навеле од полицијата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно