Исчезна директорот на компанијата „Квиксилвер“, неговиот брод испливал на плажа

Исчезна директорот на компанијата „Квиксилвер“, неговиот брод испливал на плажа


Директорот на компанијата „Квиксилвер“, Пјер Агнес исчезнал во море покрај брегот на Франција. Локалните власти соопштија дека започнале со потрага.

Агнес за исчезнат бил пријавен вчера откако неговиот брод бил пронајден на плажа во близина на градот Капбретон.

Тој беше директор на европската канцеларија на „Квиксилвер“ до 2015 година, од кога беше унапреден во директор на целата компанија. Од компанијата соопштија дека се изненадени и загрижени од вестта за исчезнувањето на Агнес и дека се подготвени да помогнат на потрагата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно