Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од Штип за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување “ и против ЈТД „Џолев Компани“-Штип и И.Џ.(41)
Тие се товарат за сторени кривични дела “фалсификување и уништување на деловни книги“ и „Потикнување“.Во периодот од април до август минатата година првопријавениот, како директор на ЈП „Исар“ Штип, во два наврати во име и за сметка на јавното претпријатие, прифатил обврска за плаќање во износ од 413.000 денари со ДДВ кон правното лице ЈТД „Џолев Компани“-Штип, за претходно набавени 7.000 црни метли од диво просо, и покрај тоа што знаел дека истите стоки од наведениот добавувач воопшто не биле испорачани и примени во јавното претпријатие. Третопријавениот, како сопственик на второпријавеното правно лице, и покрај тоа што знаел дека ги немал доставено и испорачано наведените стоки на ЈП„Исар“-Штип, со свој потпис заверил испратници со фактури со невистинита содржина, кои на 26.04.2017 и 20.07.2017 година ги доставил до јавното претпријатие, со што го потикнал првопријавениот да го стори наведеното кривично дело. Со ова А.Б. и овозможил на на фирмата да се стекне со противправна имотна корист од 413.000 денари, на штета на ЈП „Исар“ Штип
Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк