,,Independent" се мајтапи со Скопје 2014 со квиз прашања

,,Independent


Со напис со наслов ,,Обиколка на градот познат како светска престолнина на кичот“ , Индипендент се навраќа повторно на ,,градежниот феномен“, Скопје 2014.

,,Скопје, Македонија – Брз квиз. Што од следнотo има смисла?“-прашува британскиот Independent, обидувајќи се да најде одговор за чудните градби и споменици од проектот Скопје 2014. 

ТРИТЕ ПРАШАЊА СЕ: 

а) три пиратски бродови на река во земја без копно на Балканот; 

б) бронзена статуа од 47 метри со стариот воин кој е Александар Велики, но исто така и не е Александар Велики; или 

в) Куќа посветена на Мајка Тереза, светец познат по својата скромност, изработена во богат стил, кој најдобро може да се опише кога Мајами се сретнува со Флинтстоунс. 

,,Одговор: Ништо (нема смисла), освен ако не сте во Скопје, Македонија. Сите тие се таму како дел од новиот лик на градот, што го претвори во најкич престолнина во светот. Пред околу една деценија, тогашната владејачка партија во Македонија излезе со идеја за проект за изградба и реновирање низ целата земја, како начин да се присвои дел историјата и да се привлечат туристи. 

Стотици нови скулптури беа поставени низ градот, многу нови градби беа подигнати во центарот на градот, а десетици лажни фасади беа додадени врз зградите од комунистичката ера. Проектот чинеше стотици милиони повеќе од првично објавените јавни проекции. Тоа беше централно прашање на протестите во 2015 година, што доведе до пораз на владејачката партија. Никола Стрезовски, 37-годишен архитект, го следеше проектот – наречен Скопје 2014, бидејќи требаше да биде завршен во 2014 година, со мешавина на одвратност, гнев и конфузија. “

Скопје 2014 беше нешто што не шокираше цело време”, вели тој. Кога новата влада стапи на власт минатата пролет, нејзиниот прв потег беше да ги сопре сите проекти, вклучително и изградбата на панорамското тркало по примерот на она во Лондон, како и реконструкцијата на највисоката градска стаклена зграда со пластична пена и малтерска фасада за да изгледаат неокласични“-пишува Индипендент.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно