Инцидент во Скопје: Син на скопски бизнисмен нападнал пешак затоа што го замолил да вози поспоро

Инцидент во Скопје: Син на скопски бизнисмен нападнал пешак затоа што го замолил да вози поспоро


Вистинска драма се случувала во средата на улицата „Орце Николов“ во Скопје кога Ненад М. , син на познат скопски бизнисмен физички нападнал пешак кој го замолил да вози поспоро и да ги почитува сообраќајните правила и прописи.

Според изјавите на очевидци на настанот кои за Скопје Инфо ја раскажаа случката Ненад бил дрзок, безобразен и под дејство на алкохол. Настанот се случи набрзина. Наеднаш видовме како возач во видно алкохолозирана состојба излегува од возило и физички го напаѓа пешакот кој пред неколку секунди љубезно и културно го замоли да вози поспоро. 

Потоа настана вистинска турканица и хаос на улицата, раскажува очевидец. Најлошо од се е што пешакот сакаше културно да му сугерира дека начинот на кој што се однесува во сообраќајот е несоодветен, а за тоа доби ќотек во присуство на своето мало дете, додава тој. Настанот е пријавен и евидентиран во полицијата, но до сега не е објавен во полицискиот билтен. 

Според информациите до кои дојде Скопје Инфо сторилетот на делото завршил со прекршочна санкција. По кратко време дојде полицијата и го приведе сторителот на прекршокот кој исто така безобразно се однесуваше и ги навредуваше полициските службеници, вели очиведецот за Скопје Инфо.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно