Има 330 килограми и сака да стигне до еден тон: Сузан сака да стане најдебела жена на светот (ФОТО+ВИДЕО)

Има 330 килограми и сака да стигне до еден тон: Сузан сака да стане најдебела жена на светот (ФОТО+ВИДЕО)


Самохраната мајка, 32 годишната Сузан Еман од Аризона сака да стане најтешка жена на светот. Пред не е ниту малку лесна задача, но не се предава, моментално е тешка 330 килограми, а си постави цел да тежи еден тон.

За да добие уште 670 килограми таа дневно внесува меѓу 20.000 и 50.000 калории.

-Кога е нормален ден, Сузан сака да јаде најмалку 10 јајца, цело пакување сланина, многу сирење и лук, објаснува нејзиното момче, кој безусловно ја поддржува во намерата. -Количината на калории кои ги внесувам во текот на еден ден зависи од тоа за што сум расположена, се трудам да избегнувам претерано здрава храна, повеќе сакам мрсни и калорични јадења, низ насмевка објаснува Сузан.

Оваа Американка е самохрана мајка и моментално е невработена, затоа што поради својата тежина не може да работи. -Би сакала да откријам дали е можно човечко битие да ја достигне тежината од еден тон. Што сум подебела тоа подобро се чувствувам. Имам повеќе самодоверба и се чувствувам попривлечно. Зошто не би ги помрднала границите и да видам колку можам да бидам дебела, а да останам здрава, вели Сузан.

Таа очекува дека ако продолжи со ова темпо дека ќе се здебели до 1.000 килограми кога ќе има 42 години. Ниту со моменталната килажа не може да оди на големи далечини, а често е осудена да седи во количка, но покрај се истакнува дека е среќна и здрава и дека никако нема да се откаже од својот план, да стане најдебела жена на светот.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно