Илчеви (Бугарија), прават чисто чоколадо дома.

Илчеви (Бугарија), прават чисто чоколадо дома.


Tие започнале да произведуваат чоколадо дома, а сега имаат и сопствен бизнис.

Семејство од Пловдив ја подготвува една од најздравите чоколади во Европа. За своите производи, добиваат голем број на меѓународни награди, пишува бугарски Днес

Љубовта кон чоколадото отсекогаш постоела кај Иван и Ивалина Илчеви. Младото семејство го произведува омиленото за сите какао искушение по специјална технологија со зрна од Еквадор - без бои и без подобрувач на вкусот.

„Чоколадото се прави на камена мелница, без да има други дополнителни преработки. Откако ќе се смелат зрната, чоколадото треба да отстои"- изјави Иван Илчев.

Идејата за нивното производство се јавува кога кај нивниот помал син е дијагностициран алергија која го спречува да јаде млечни производи. Тогаш тие почнаа да произведуваат чисто чоколадо дома.

„При секој еден почеток има ризици и тие се огромни, особено во Бугарија. Јас мислам дека нашата земја е добро место за стартување на мал бизнис, бидејќи пазарот уште не е заситен со секакви производи"- вели ова семејство. 

Чоколадото на семејството Илчев е многу популарно.  Новинар од британскиот печат контактирал со семејството,  а рангирани се и на листата на Индипендент. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно